Шампионот на ВБЦ, ИБФ и ВБО во полутешка категорија, Артур Бетербиев (21-0, 21 КО) изјави дека не ја исклучува можноста да се пресели во тешка категорија.
„Сега мојата главна цел е титулата апсолутен шампион. Ајде да видиме што ќе се случи понатаму. Може да има предизвици и во други категории. Можам да се искачам, но во моментов не сум фокусиран на тоа“, изјави Бетербиев.
На 12 октомври Бетербиев се соочува со Дмитри Бивол (22-0, 11 КО) во долгоочекуваната борба. Непоразените боксери ги држат сите појаси во дивизијата и победникот ќе стане апсолутен шампион.
Во оваа ситуација, Бетербиев може да одлучи да се качи кај потешките (до 90 кг). Александар Усик направи слична работа откако ги освои сите титули во полутешка категорија, а пролетва ја освои неприкосновената титула во тешка категорија по победата над Тајсон Фјури.
Интересно, Бетербиев и Усик имаат три борби еден против друг, но како аматери. Во нив Усик забележа 2 победи, а 1 му припадна на Бетербиев.