На Артур Бетербиев му беа потребни две мерења за да влезе во норма за полутешка категорија. Шампионот на ИБФ и ВБЦ ја официјализира својата одбрана против Маркус Браун во Монтреал, Канада.
Русинот се појави еден час по неговиот првичен обид и се справи со мерењето.
Неговиот противник немаше проблеми со тежината.
Браун е задолжителен предизвикувач за ВБЦ. Пред извесно време го држеше појасот во категоријата на ВБА.
Неговата скор е 24-1 (16 нокаути), додека таа на Бетербиев е 16-0 (16 нокаути).
Мечот е рано наутро во сабота и ја прдводи борбената гала во Монтреал.
Ова е втора одбрана на појасите за Артур Бетербиев, кој во 2019 година ги спои против тогаш непоразениот Украинец Александар Гвоздик.