Бесмир Алили во категоријата 32 килограми од БК Лирија го освои првое место на многу силниот турнир во „Гемлик 2015“ во Турција, во близина на Бурса.
Лирија на овој турнир учествуваше со девет борачи, а уште тројца борачи остварија пласман на петото место: Мухамет Феруку ( 35 кг), Адем Асани (59 кг) и Басри Јакупи (69).
На турнирот учетвуваа осум држави со преку 200 борачи,како Турција, Бугарија, Македонија, Молдавија, Грузија, Узбекистан, Украина и Грција.
ipon.mk/В.Д.