Борачот на Лирија, Бесир Алили, ја израдува Македонија соо својувањето на сребрениот медал на Европското кадетско првенство во вторникот. Скопје славеше.
Бесир беше еден од најмладите натпреварувачи во категоријата до 45 килограми, а финалистот Рафаел Харутјунјан од Ерменија беше две години постар од него.
Бесир Алили е роден на 14 март 2003 година во Скопје, а со борење тренира од 2010-та под стручен надзор на тренерот Суфијан Исмаили. Бесир е ученик во ОУ „26 Јули“.
Пионерот Алили кој се натпреваруваше со кадетите на своето конто ја има балканската титула за кадети, победник е на меѓународни турнири во Бугарија, Турција, Молдавија и Косово, а во Македонија не знае за пораз.
По усепхот, а до кој дојде со бескомпромисност и храброст, стручните лица и клупските тренери неговиот талент го споредуваат со Шабан Сеиди, Шабан Трстена, Бајрам Чероли, Абаз Емини и други борачи кои потекнуваат од Лирија.
Талентот е неоспорен, но сега треба поголем ангажман околу него за да добиеме врвен борач.
Дали ти се верува дека освои сребрен медал на Европското првенство?
-Да, бев сигурен во себе, во борбите.
Какви беа очекувањата пред првенството?
-Очекувањата беа големи, тоа ми го кажуваа и моите тренери Сијан Исмаили и Седат Бафтија.
Се чини дека победничката серија започна со превсртот во втората борба. Дали тој момент влијаеше на тебе?
-Во втората борба против Молдавецот, кој го познавав од меѓународните турнири, знаев дека е многу квалитетен борач. Кога станав балкански шампион и тој беше шампион во погорната тежинска категорија. Победата над него позитивно влијаеше на мене.
Ако не беше помал две години од противникот во финалето, ќе можеше ли да се радуваме на златниот медал?
-Предходните две борби со Молдавецот и Белорусинот имаа одраз на финалето, бидејќи беа тешки, а тоа влијаеше на мене. Мислам дека ќе тренирам уште повеќе и се ќе биде во ред, односно наредниот пат златото ќе биде мое.
По освојувањето на медалот имаше голема прослава пред твојот клуб Лирија и во хотелот Њу стар. Што значи сето ова за тебе?
-По освојувањето на медалот од претседателот на клубот и управата решија да прославиме. Прво отидовме пред Собранието на Република Македонија, потоа во Старата Чаршија, за да продолжиме пред нашиот клуб Лирија и да завершиме во хотелот Њу стар. Тоа значи поголем поттик да тренирам, зашто за месец и нешто ме очекува Европското првенство за пионери и Светското првенство за кадети.
Сакам за да се заблагодарам на преседателот на клубот Имер Кадриу кој ми овозможува извонредни услови и подготовки за меѓународни турнири, како и на моите тренери Суфијан Исмаили и Седат Бафтија кои ме тренираат во клубот.
Благодарносто и до Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) на чело со претседателот Бетим Вренези и потпреседателот Дејан Богданов кои ни овозможија изворедни услови за подготовки пред Европското првенство и кој го за зживеаја борењето во Македонија.
Резултати
-45 кг финале
Бесир Алили – Рафаел Харутјунјан (Ерменија) 10-0 (ТТ)
1/2 Финале
Бесир Алили – Станислау Мазок (Белорусија) 11-1
¼ финале
Бесир Алили – Василе Марку (Молдавија) 9-6
-45 кг – 1/8 финале
Бесир Алили – Кенан Чустовиќ (Босна и Херцеговина) 10-0
Ipon.mk