Бесир Алили освои бронзен медал, а Вероника Рјабоволова ќе се бори за бронза на „Дан Колов Никола Петров“

Македонските борачи освоија еден бронзен медал и за уште еден ќе се борат на еден од најсилните меѓународни турнири на 60-от „Дан Колов Никола Петров“ во Софија, Бугарија. Бесир Алили се закити со бронза во категоријата до 57 килограми откако во решавачката борба за медал славеше против Романецот Разван Ковач со 5-3.

Алили направи подвиг во четвртфиналето словладувајќи го Иранецот Махди Рахими 4-3.

Натурализираната Македонка Вероника Рјабоволова ќе се бори за бронза против Миглена Селишка од Бугарија.

Во денешната програма настапи и олмпиецот Могамедгаџи Нуров кој го совлада Рикардо Баез од Аргентина со 8-2, а потоа загуби од Дањал Шаријатинија (Иран) 8-0, кој во полуфиналето загуби од Кајл Снајдер (САД).

Резултати

-57 кг
Бесир Алили – Махди Рахими (Иран) 4-3
Полуфинале
Бесир Алили – Ахмет Думан (Турција) 0-11
За бронза
Бесир Алили – Разван Ковач (Романија) 5-3

–97 кг
Могамедгаџи Нуров – Рикардо Баез (Аргентина) 8-2 1/8 финале
Могамедгаџи Нуров – Дањал Шаријатинија (Иран) 8-0

-50 кг
Вероника Рјабоволова – Сара Хамди (Тунис) 6-0
Вероника Рјабоволова – Минорихо Јонехара (Јапонија) 4-2
Полуфинале
Вероника Рјабоволова – Марија Стадник (Азербејџан) 0-10
За бронза
Вероника Рјабоволова – Миглена Селишка (Бугарија)

Фото: БФБ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON