Бесир Алили и Филип Тасев на кампот за најдобри и најталентирани борачи во Загреб

Младите македонски борачи Бесир Алили и Филип Тасев го продолжија престојот во Загреб по Светското првенство во борење за кадети откако беа избрани најдобрите, најталентираните кадети од повеќе европски држави, меѓу кои се најдоа и двјацата наши репрезентативци.

Кампот во Загреб кој е под патронат на Обединетото светско борење (ОСБ/UWW) и ќе трае седум дена.

Бесир Алили е освојувач на сребрениот медал на ЕП за пионери во Скопје, а Филип Тасев е единстевниот македонски борач кој забележа победа на СП во Загреб.
Според тренерот на репрезентацијата Давор Тасев, тоа се можеби најдобрите млади борачи во Македонија.

„Ова се борачи за кои има добра иднина, ако продолжат со секојдневна работа. Во Загреб работат со светски познати тренери, кои се одредени да работат со нив од Обединетото светско борење“, рече Тасев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON