Бесир Алили го освои петтото место на Европското првенство во борење во Будимпешта, Унгарија, откако во борбата за бронзениот медал во категоријата до 61 кг загуби 2-11 од Едуард Григорев (Полска).
За младиот Алили и петтото место е успех, покажувајќи дека има талент кој се уште треба да се бруси, а успесите ќе дојдат, бидејќи младоста е на негова страна.
Македонија од Европското првенство се враќа со еден златен медал на Владимир Егоров во категоријата до 57 кг. Ова е шести златен медал за Македонија на ЕП-а, по два освоија Шабан Трстена и Шабан Сеиди и еден Могамед Ибрагимов.
Инаку, последниот златен медал на борач од Макеоднија е од 1990 година, оној на Трстена.
Резултати
61 кг
Бесир Алили – Адам Баибулатов (Франција) 11-5 квалификации
Бесир Алили – Арсен Харутјунјан (Ерменија) 0-5
За бронзен медал
Бесир Алили – Едуард Григорев (Полска) 2-11