Преодниот шампион на Светската боксерска асоцијација во полусредна категорија, Андре Берт, коментира дека е подготвен да го прифати предизвикот за натпревар со Флојд Мејведер. Американската супер ѕвезда најави дека повторно ќе се качи во рингот, а датумот за мечот е 12 септември. Тој откри дека тоа ќе биде неговиот последен натпревар.
„Мило ми е што сум во сметките за таа средба и дефинитивно сум подготвен за предизвикот – коментира Берт, кој се смета за еден од најтврдите боксери во категоријата. Знам дека ќе биде одличен натпревар, ако се случи“.
31-годишниот боксер има 30 победи (21 со нокаут) 3 порази. Набљудувачите сметаат дека Берт е доста корисен противник за Мејведер во споредба со другиот главен фаворит Амир Хан.