Берна Шерифовска на „Африканскиот куп Тунис 2018“ го освои првиот медал за Македонија на едем интерконтинентален џудо натпревар во јуниорска конкуренција. Шерифовска (-57 кг го освои бронзениот медал.
Берна загуби само една борба и тоа од многу силна натпреварувачка од Африка која е афиркански првак и учествуваше на Грен слем турнирот во Дизелдроф.
Стана првиот носител на медал од инерконтиненталните купови во јуниорска конкуренција. Што значи ова за тебе?
-Огромно задоволство и предизвик за понатамошна напорна работа, за да дојдам до медал и на поважни натпревари, како европско и светско првенство.
Како беше во Тунис,бидејќи овој натпревар е надвор од Европа, каде што поставеноста и организираноста се поинакви?
-Во Тунис, односно во цела Африка, можам да кажам дека има многу поразлично џудо отколку во Европа. И, беше убаво да се запознаам, за прв пат, со тоа џудо и да донесам медал токму од таму.
Дали по овој успех може да очекуваме нешто повеќе и на официјалните меѓународни првенства?
-Ова беше првиот натпревар за мене сезонава, а последна година како јуниор, но ова е само почетокот. Ќе работам за да се зголемува бројот на медалите.
Како е да се спортува и да се студира медицина?
-Напорно, но не и невозможно. Ги правам работите што најмногу ги сакам, а тоа многу ми го олеснува овој тежок период.
Ipon.mk