Берат Јакупи-каратист и политичар: Обесправен сум, изборот на Стоилов е политички! А што да каже Дејан Георгиевски!?

Берат Јакупи секако е еден од најдобрите каратисти во Македонија, кој реагира на изборот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), наградата за Најдобар спортист за 2017 година која му припадна на Стојанче Стоилов, ракометарот кој настапува за Вардар.

Каратистот кој зад себе има многу освоени медали, потенцира дека успехот на Стоилов со Вардар е огромен за Македонија, но вели дека наградата за најдобар спортист на година му се доделува на спортист кој носи во Македонија медал од Олимписките игри, Светски или Европски првенства, како член на репрезентација во одреден спорт. Но, и дава политичка обоеност  на изборот.

Што тогаш да каже не номинираниот европски шампион во таеквонодо во олимписки категории Дејан Георгиевски, кој, патем, не е политичар.

Во продолжение, прочитајте ја реакцијата на македонскиот репрезентативец во карате, Берат Јакупи.

„Не можејќи јавно да им се обраќам на јавноста, спортистите и на љубителите на спортот преку прес-конференција (причина е моето патување во Будимпешта), ќе се потрудам да ве информирам преку мојата фан-страница на „Фејсбук“.

Вчера вечер во салата на Драмски театар се прогласија најдобрите спортисти во Македонија за 2017 година. За главната награда Спортист на годината меѓу петте номинирани беше и Берат Јакупи (јас). Според сите критеруими за одбирање на најдобриот спортист во текот на 2017 година, неправедно му се дава оваа награда на еден ракометар, кој е член на еден клуб и заедно со своите соиграчи постигнаа резултат кој и не е за потценување.

Оценувањето од страна на професионалната комисија, Сојузот на федерации и здружението на спортските новинари во одбирањето на најдобриот спортист беше еднострано и политичко. Наградата најдобар спортист на година му се доделува на спортист кој носи во Македонија медал од олимписките игри, светски или европски првенства, како член на репрезентација во одреден спорт. ако во текот на годината нема таков резултат тогаш се земаат предвид клубските резултати во меѓународните арени и слично.како ислустрација ќе дадам два примера:

Во 2013 год во Аргентина, и покрај сите резултати и достигнувања и награди што си зеде Меси како играч на Барселона, за „Sportman of the Year“ се прогласи Хуан Мартин Дел Порто, тенисер кој донесе олимписки медал за Аргентина, и во вториот случај тенисерот Новак Ѓоковиќ, кој ги освои сите престижни турнири, за спортист на годината се прогласи друг српски спортист кој донесе на Србија светски медал.

Јас, Берат Јакупи, ценам дека сум обесправен и нема да толерирам позиција на инфериерност и маргинализација. Ние, спортистите се цениме и почитуваме меѓу себе и така ќе продолжиме и во иднина, али неправедностие кој доаѓаат од фрустрирани луѓе или одредена група ќе ги објавиме“, пријателски, Берат Јакупи.

Да потсетиме дека Берат Јакупи на локланите избори учествуваше како кандидат за советник на Општина Гостивар од Алијансата на Албанците, при што беше избран за советник.

Останува дилемата дали е ова став на картистот или на политичарот Берат Јакупи!

https://www.facebook.com/beratkarate/photos/a.139765769530898.1073741827.131189253721883/904290173078450/?type=3

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON