Ривалството меѓу нашите репрезентативци Берат Јакупи (Асиарт) и Симон Антиќ (Макпетрол) во категоријата до 84 килогарми се пренесе и на светската сцена. Победата на Јакупи од 2-1 во првото коло против Антиќ му донесе финале во Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, во кое се бореше нерешено 0-0 со Турчинот, Ајкут Усда, но судиите пресудија во корист на противникот.
Сепак, ова е големо враќање на Јакупи по СП во Гермнаија и првиот дел од сезоната.
По Антиќ, Берат го совлада Ахмед Адбалах од Египет со 6-0, па Иранецот Есхан Хејдери 2-0 и во полуфиналето со убедливи 8-0 го победи Турчинот Угур Акташ.
ipon.mk/В.Д.