Берат Јакупи ќе се бори за златниот медал на Премиер лигата, му се одмазди на Акташ за повредите

Берат Јакупи му се одмазди на Угур Акташ на најдобар начин за двете тешки повреди што му ги нанесе пред две години, го победи среде Истанбул на Карате 1 Премиер лигата, а потоа стигна и до финалето, каде што утре ќе се бори против – Махди Ходабахши (Иран)

Така, Берат го осветли образот на македонските каратисти и го освои вториот медал во Премиер лигата по оној на Емил Павлов во Дубаи.

Јакупи има тежок противник, но предизвикот е пред него – златниот медал.

Резултати

-84 кг – 51
Берат Јакупи (КФМ) – Меди Сесина (Франција) 7-2
Берат Јакупи (КФМ) – Мерис Муховиќ (Босна и Херцеговина) 7-1
Берат Јакупи (КФМ) – Угур Акташ (Турција) 2-0
Берат Јакупи (КФМ) – Пабло Запата Аренас (Шпанија) 2-0

Полуфинале
Берат Јакупи (КФМ) – Забиолах Пооршаб (Иран) 3-3

Финале
Берат Јакупи (КФМ) – Махди Ходабахши (Иран)

Петар Спасеновски (Металург) – Али Фадакар (Иран) 0-2

+84 кг – 46
Мартин Несторовски (КФМ) – Алиаксеи Водчиц (Белорусија) 1-4

68 кг – 35
Моника Стефановска (КФМ) – Ребека Саливен (Австралија) 0-5

Ipon.mk

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON