Берат Јакупи денес го совои третото сребро за Македонија на Балканското карате првенство за сениори во Тирана, Албанија, а женскиот кумите тим третата бронза.
Претходно денес сребрени медали освоија Емил Павлов и машкиот ката тим, а бронзи Петар Заборски и Фахик Весели освоија бронзи.
Јакупи во финалето загуби од српскиот каратист Ѓорге Тешановиќ со минимален резултат 0-1.
Да посетиме декаа вчера Викторија Јовановска се закити со сребро, а Вероника Костовска со бронза. Христаки Давитковски во конкуренција на ветерани освои злато.
Утре на програмата се екипните борби.
Резултати Балканско првенство:
+84 кг
Берат Јакупи – Јан Безочник (Словенија) 6-0
Берат Јакупи – Анес Бостанџиќ (БиХ) 2-1
Берат Јакупи – Бенјамин Шабани (Косово) 7-0
Берат Јакупи – Богдан Трикос (Србија) 2-0
Финале
Берат Јакупи – Ѓорге Тешановиќ (Србија) 0-1
Стефан Стојановиќ – Анџело Квесиќ (Хравтска) 1-9
Данило Божовиќ – Ѓорге Тешановиќ (Србија) 3-10
Репасаж
Данило Божовиќ – Мрилинд Реџепи (Косово) 1-3
Вегим Мурати – Гал Крзишник (Словенија) 4-6
Кумите тим жени
(Ј. Георгиева, В. Костовска, Ј. Манева и А. Мојсовска)
Македонија – Хрватска 2-0
Македонија – Босна и Херцеговина 5-13
За бронза
Македонија – Србија 5-2