Бени Османоски се враќа со борба во Струга на „Фајт фор глори“

Нашиот познат кикбоксер Бени Османоски се враќа со борба во неговиот град Струга.

Османоски на 28 јули навајува настан „Фајт фор глори“ на ракометното игралиште, на кој ќе има кик бокс и бокс мечеви.

Бени не е само борец, туку и организатор на овој настан.

Според него, ова е шанса за сите млади спортисти кои ќе имаат можност да се покажат и да се продадат и на светските боречки сцени.

Засега детали не се соопштуваат, но наскоро ќе бидат објавени поединости за овој голем настан во Струга.

Ова е голем настан за Струга и Македонија, бидејќи Османоски има и светски и европски титули на своето конто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON