Бени Османоски во сабота ќе настапи на гала вечерта „Микс фајт гала“ во Хамбург-Германија, во К-1, а ќе се сртене со Салман ел Мансури од Мароко.
„Еве, дојде време пак да влезам во ринг, а не многу одамна имав борба, но ми се чини дека многу долго не сум бил (хаха)“, вели светскиот шампион во мај тај Бени Османоски и додава: „Веќе ми недостасуваше. Подоготвен сум 101 отсто и се чувствувам многу добро. Мотивиран сум и драго ми е што ќе се борам на овој голем настан“.
Стружанецот од Октиси, кој живее во Швајцарија, вели дека имал многу тешки тренинзи за кондиција, техника, снага, издржливост, спаринзи. Сите ови тренинзи поминале во најдобар ред и тој е подготвен за борба.
За противникот Самир ел Мансури вели: „Долго време живее во Германија и има многу големо искуство, како во тај бокс така и во ММА. Силен противник и борец со срце. Не знам многу за него, само сум слушал и гледав неколку видеа на ЈуТјуб. Се борам во неговиот град. Тој е дома и ќе се бори пред неговата публика. Ќе биде јака борба, бидејќи и двајцата сме добри борци“.
Ipon.mk/В.Д.