Бени Османоски е „подготвен за војна“!

Osamnoski podgotven za voojna

Бени Османоски е „Подготвен за војна„, која ќе се случи во Цирих, Швајцарија, во сабота навечер.

Османоски во сабота ќе се сретне со Германецот Ефе Сипаи во К-1 на настанот „Рејди фор вор“. Сипаи е искусен борец кој има 30 професионални борби.

-Имав мала пауза по минатата борба. Потоа почнав да се подготвувам за оваа борба. Вчера го имав последниот тренинг. Можам да кажам дека се чуствувам одлично. Добро сум подготвен, физички, психички и кондициски. Не сум гледал борби од мојот противник, можеби само една. Знам дека е добар боксер и е малку понизок од мене. Мојата стратегија не можам да кажам , бидејќи таа треба да биде изненадување за Сипаи, – изјави за ipon.mk Османоски.

Тој вели дека ова му е последна за овој дел од годината.

-Еден месец ќе бидам во мојата Македонија, а потоа ќе видеме. Само едно е сигурно, на  3 октомври ќе ја бранам светската титула, – истакна Османоски.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON