Балканскиот шампион Бенан Хоџиќ од КК Кеикс од Скопје на меѓународниот турнир „Ноќ на шампионите 2015″ во Бијелина, Република Српска во Босна и Херцеговина, покажа зашто е прв на Балканот и триумфираше во својата категорија.
Но, тоа беше еден-два победа, бидејќи второто место му припадна на Бериз Куртановиќ, кој имаше три победи, а Бенан четири.
Убејд Дураковиќ освои сребрен медал, а Салма Куртановиќ бронзен. Сениорската екипа во борби за сениори е втора.
На „Ноќта на шампионите“ учествуваа 558 натпреварувачи од 55 клубови и 7 држави, БиХ, Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Романија.
ipon.mk/В.Д.