Долгогодишниот ветеран на УФЦ, Бен Ротвел, се подготвува за втората борба со голи раце.
„The Big One“ се соочува со Џош Вотсон на настанот БКФЦ 41 на 29 април во Денвер, Колорадо.
Ротвел има 39-14 во ММА и 1-0 во БКФЦ. На крајот на 2022 година Бен го направи дебито во БКФЦ. Го победи Бобо О’Банон со нокаут за 19 секунди.
Вотсон е човекот кој го уништи поранешниот играч на НФЛ Грег Харди во Наклманија 3 минатиот месец. Џош има скор од 6-4 во ММА и 2-1 во борби со голи раце. Тој е во победничка серија од 2 натпревари со нокаут. Секоја од неговите 3 борби трае не повеќе од минута и 30 секунди.
БКФЦ 41 ќе биде предводен од борбата меѓу поранешните борци на УФЦ, Мајк Пери и Лук Рокхолд.
View this post on Instagram