Бен Ротвел до Дана Вајт: Средбата Мејведер-Мек Грегор треба да е за привремена титула

Rotvel dana vajt

Борецот во тешка категорија на УФЦ, Бен Ротвел, смета дека е редно УФЦ да направи дуел меѓу Конор Мек Грегор и боксерскиот шампион Флојд Мејведер, но тој треба да биде за привремена титула.

 „Драги Дана Вајт, мислам дека во мечот помеѓу Мек Грегор и Мејведер треба да има како залог „привремена титула“, бидејќи во спротивно работите нема да се доволно интересни. Благодарам“, напиша Ротвел во својот Твитер профил.

Всушност, борецот се шегува со УФЦ, бидејќи организацијата неодамна претера со создавањето на привремени титули. Се започна во јули на УФЦ 200, кога од УФЦ направија привремена титула во перо категорија, иако тогашниот шампион Конор Мек Грегор во категоријата беше неактивен.

Во декември од УФЦ создадоа нова привремена титула во перо категорија, иако веќе имаа привремен шампион во категоријата. Во тоа време организаторите му земаа титулата на Мек Грегор и му ја дадоа на Хоза Алдо, но направија и меч за привремената титула меѓу Макс Холовеј и Ентони Петис.

Во четвртокот УФЦ создадоа нова средба за привремена титула – на УФЦ 209 на 4 март лесната категорија ќе има привремен шампион кога Хабиб Нурмагомедов ќе се сретне со Тони Фергусон. Актуелниот шампион во лесна категорија, Конор Мек Грегор се зема малку поголем одмор од спортот, додека го чека своето прво дете.

Многу луѓе мислат дека УФЦ создава привремени титули за да се задржи интересот за платените гледања на настаните. Јавно, според организаторите, борците не се доволно интересни за навивачите, но, пак, дуелите за титулите привлекуваат поголемо внимание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО