Бен Аскрен се повлекува од професионалните борби.
Факни Бен Аскерн одамна се смета за еден од најдобрите борци кој никогаш не се натпреваруваа во УФЦ. Поранешниот шампион на Белатор и актуелен на ОНЕ Чемпионшип во полусредна категорија има професионален рекорд од 17-0 во својата славна кариера, која веќе се приближува кон крајот.
Шефот на организацијата ОНЕ Чемпионшип, Чатри Ситјодтонг, неодамна на социјалните мрежи изјави дека Аскерн ќе се сретне со поранешниот шампион на ОНЕ во лесна категорија Шиња Аоки во Сингапур. Освен тоа, Ситјодтонг рече дека ова ќе биде последната битка на Аскерн, по што тој ќе заземе место во извршната власт на организацијата.
https://www.facebook.com/csityodtong/posts/1533073663421456
Исто така, Ситјодтонг објави дека Канаѓанката порасната на Хаваите, Анегла Ли, е на борбената карта и ќе ја брани титулата во категорија до 50,9 килограми против Меи Јамагучи. Ова ќе биде реванш на нивната прва битка, која се одржа во мај 2016 година, кога Ли ја освои испразнетата титула со судиска одлука.