Белју: Кога ме исфрлија од училиште немав ништо, а моите синови сега се мултимилионери

Тони Белју во саботата се опрости од професионалниот бокс.

35-годишниот боксер од Ливерпул во борбата за неоспорен светски шампион во лесно-трешка категореја беше нокаутиран во осмата рунда по комбинација на преден десен директ и задно кроше од Александар Усик.

„Бомбардерот“, кој во текот на кариерата се навикна на улогата на аутсајдер, го напушта боксот откако стана светски првак, совлада некои познати имиња и заработи милиони долари.

„Се обидов да го направам тој последен чекор, но знаете што? Не бев доволно добар, но можам да живеат со тоа. Ако не ја прифатев оваа борба, тоа ќе ме убиеше, бидејќи секогаш ќе се прашував дали сум доволно добар? Факт е дека не сум, тој беше подобар од мене. Дел од мене се чувствува како повторо да сум доживеал неуспех, но тоа е бокс на највисоко ниво, така што морате да прифатите дека не можете секогаш да победувате“.

„Ќе бидам искрен, за прв пат во кариерата се уморив за време на борбата. Не знам како или зошто се случило тоа, но јас бев уморен. Тој е брилијантен, немам што лошо да кажам за Александар, му посакувам се најдобро“.

„Ја завршив кариерата против најдобриот лесно-тешкаш и тој има право да тврди дека е најдобар леснотешкаш во историјата. Не барам изговори, дадов се што имав, не можев подобро да се подготвам. Мојата кариера е завршена. Го работев ова 20 години“.

„Ги исполнив најдивите соништа. Имав свои моменти, го имав својот Гудисон парк. Седам тука како губитник, со скршено срце и заебан, но сум победник во животот. Кога ме исфрлија од училиште немав ништо и никаде каде што би тргнал“.

„Моите три сина сега се мултимилионери и секој денар што го заработив удирајќи луѓе во лицето. Никогаш не сум сонувал дека ова може да биде можно“.

„На крајот, не можам довлно да му се заблагодарам на мојот тим: На мојата сопруга, мајка ми, семејство, брат ми, а голем дел од тоа се Херн и Колдвел“.

Белју сега сака да живее во анонимност.

„Единственото нешто што можам да го кажам е дека сакам да исчезнам, ве молам оставете ме на мира. Само сакам да се живеам живот на нормален човек. Никогаш не сакав ништо повеќе отколку да живеам како нормален човек. Мојот план е да ги испополнам сите медиумски обврски до 15 ноември, да го сменам телефонскиот број и да го дадам само на неколкумина“.

„Вие ме викате Тони леју. Името Тони Белју го создадов само мојот татко да биде горд. Моето име е Ентони Белју. Кога ќе го вклучат камерите сум Тони, но сите што навистина ме познаваат, ме викаат Ентони“.

„Тони Белју почина во саботата во рингот, Ентони Белју оживе. Сакам враќање во реалноста, сакам нормален живот и ќе го најдам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON