Белистојановски: Очекувам два медала и 2-3 пласмани до петото место на Европското првенство!

 karate pres Istanbul

-Одлично сме подготвени, сите се во добра форма. Мислам дека сега с ево најдобрфа форма, затоа верувам дека ќе освоиме медали и уште неколку места за Европоските игри во Баку. Два медала и уште 2-3 места во првите шест, кои обезбедуваат настап на ЕИ, – рече тренерот на сениорската карате репрезентација Петар Белистојановски.

Тренерот вели дека 90 отсто од противниците се познати, но дека конкретни анализи и тактики ќе се направат откако ќе биде жребувањето.

Тој соопшти дека во поединечна конкуренција ќе настапат Емил Павлов, Дејан Црничиќ, Иво Цветковски, Симон Антиќ и Мартин Несторовски, а за екипата ќе настапат и Берат Јакупи, Виктор Крстевски и Тодор Ристески. Кај девојките и поединечно и екипно ќе настапат: Симона Заборска,Наташа и Моника Стефановски и Драгана Тодорова.

karate pres istanbul 2

На минатогодишното Европско првенство во Тампере, Финска, Емил Павлов стана европски шампион во категоријата до 60 кг.

-Сега ќе биде потешко да се одбрани титулата, но добро сум подготвен и верувам во себе дека ќе ја одбранам титулата. Во краен случај, ќе бидам задоволен и со друг медал и обезбедено место на ЕИ, – истакна европскиот шампион Павлов.

Марин Несторовски ито така и ја нагласува подготвеноста но  и вербата во себе, додека Дејан Црничиќ одвај чека да почне Европското првенство за да го даде својотр максимум за што подобар пласман.

-Мислам дека сме добро подготвени. Целта ни  е пласман во првите пет и атак на медал, – посочи Наташа Стефановска.

Тренерот на репрезентацијата за кати вели очекувањата на 50 Европско првенство не се преголеми,бидејки станува збор за сениорско Европско првенство и дека македонските ката репрезентативци практично се јуниори. Близначките Мишела и Маријана имаат 16 години, Фери Искик 18, како и неговите колеги од машкиот тим, Мартин Ристески и Глигор Станоев, 17 и 18 години. Највозрасна е Пуликсенија Јовановска со 21 година.

-Но, се надевам, нивната младост нема да биди пречка да постигнат добар резултат, што подразбира барем победа во едно две кола. Женскиот ката тим Пуликсенија, Маријана и Мишела веќе има искуство и во сениорска конкуренција. Минатата година настапија на СП за сениори во Бремен, имаа две победи и стигнаа во тертото коло, а на Медитеранското сениорско првенство беа втори, на Балканско сениорско во Охрид први, оваа година во Чачак трети… Кај нив фаворити се Италија и Шпанија, а тука се и секогаш фаворизираните Германки. Да не ги заборавиме Турчинките кои се во голема предност како домаќини,тимовите на Хрватска, Србија, Белорусија, Англија, сите се силни тимови и сите носители на медали од ЕП и СП. Кај машките исто така има страшна конкуренција, фаворит е тимот на Шпанија, потоа Италија, Франција, Турците кои на Светското во Бремен го елиминираа светскиот првак Јапонија, констатира Димоски.

kata reprezentacija mazi zeni

Во поединечн ќе настапат Пуликсенија Јованоска, за која смета дека со добар ждреб и панел на смели судии, може да помине неколку кола. Истата оценака е и за Фери Исиќ.

– Реално, ќе биде многу тешко да се очекува медал. Оваа генерација на сениори, тимови и поединци од елитата во Европа, веќе е на залез на кариерата, имаат 28-30 години, така што веќе од следното европско првенство очекувам смена на генерации кај сениорите. Тогаш до израз ќе дојдат новите генерации од Македонија, кои се стварани изминативе десет години на кадетските и јуниорски првенства, а кои веќе се имаат докажано со медали и пласмани до 5-то место од европски,светски првенства и светски купови, – тврди Димоски.

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON