Белатор и Ризин повторно ги здружија силите за да приредат голема гала вечер.
На 30 јули ќе го следиме настанот Белатор – Ризин 2 кој ќе се одржи во Саитама, Јапонија. Главната борба ќе биде четвртфинална борба на турнирот во лесна категорија. Еј Џејк Меки ќе се соочи со поранешниот шампион Патрик Фреир.
Во конасловната борба ќе го видиме првиот шампион на Белатор во мува категорија. Скот Кокер создава нова категорија, а за титулата ќе се бори јапонската легенда Кјоџи Хоригучи против Макото Такахаши.
Жените во мува категорија Кана Ватанабе и Вета Артеага ќе се судрат. Борбите на Белатор ќе се одвиваат во кафез, додека борбите на Ризин во ринг.
За РИЗИН ќе се натпреваруваат борците на Белатор Хуан Аркулета и Тофик Мусаев. Хуан ќе се соочи со поранешниот шампион на Ризин во бантам категорија Каи Асакура за слободниот појас на оваа организација.