Белатор 192: Сонен го совлада Џексон, Мек Доналд е новиот првак во велтер (ВИДЕО)

Чаел Сонен е првиот полуфиналист на Големата награда на Белатор во тешка категорија.

Сонен во своето деби во тешка категорија со едногласна одлука го победи 14 килограми потешкиот Квинтон Џексон.

Сонен во полуфиналето ќе се бори со подобриот од мечот Френк Мир и Федор Емелијаненко кој е закажан за 21 април. Другите двојки се Мет Митрион и Рој Нелсон, и Рајан Бадер и Мухамед Лоуел.

Рори Мек Доналд (20-4) е новиот шампион на Белататор во велтер категорија. 28-годишниот Канаѓанец во вториот меч за промоцијата го совлада Бразилецот Даглас Лима (29-7) со едногласна одлука по пет рунди во неговата втора одбрана на титулата – 49-48, 49-45, 49-46.

Во првата средба по губењето на појасот во лесна категорија од Брент Примус, Мајкл Чендлер (17-4) се  изедначи со Патрицијо Фреир со најмногу победи во историјата на Белатор.

31-годишната Американец со едногласна одлука беше подобар од Јапонецот Гоити Јамаучи (22-4).

Синот на Ројс Грејси, Конри, изгуби во професионалното деби со едногласна судиска одлука, исто така од дебитант, Девон Брок.

Белатор 192:
Каел Сонен – Квинтон Џексон (едногласна одлука на судиите)
Рори Мек Доналд – Даглас Лима (едногласна одлука на судиите)
Мајкл Чендлер – Гоити јамаучи (едногласна одлука, 30-26, 30-26, 30-25)
Арон Пико – Шејн Кручен (КО, Р1)
Анри Коралес – Георги Караханјан (едногласна одлука на судот, 30-27, 29-28, 29-28)
Девон Брок – Хори Грејс (едногласна одлука, 30-27, 29-28, 29-28)

https://youtu.be/Nk3UMpqGD2s

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON