Белал Мухамед: Конор Мек Грегор изгледа како човек на кокаин

Шампионот на УФЦ во полусредна категорија (до 77 килограми) Белал Мухамед изјави дека не е заинтересиран за борба со познатиот Ирец Конор Мек Грегор.

Белал тврди дека Мек Грегор изгледа како некој што е на кокаин во моментов. Фановите нестрпливо ги очекуваат вестите околу пресметката на Конор со Мајкл Чендлер. Тие требаше да се пресметаат на почетокот на оваа година, но Конор го скрши малиот прст на ногата и се повлече од нивниот меч во Лас Вегас.

Сега тој тврди дека борбата ќе се случи во декември. Тоа го навести и Дана Вајт, но сè уште ништо официјално. Мухамед не планира да му даде шанса за титула на Ирецот бидејќи е несигурен и не ја заслужува таа шанса.

„Мислам дека нема да изгледа добро со 77 килограми. Овој човек изгледа како да е на кокаин во моментов. Ако го победи Мајкл, нема да му дозволам ни да се бори со мене, иако има луѓе кои тоа го сакаат. Тоа нема да се случи бидејќи има момци кои навистина вложуваат многу труд во својата кариера.

Иако, искрено, би сакал да го удрам Конор во лице. Значи, ако управата одлучи да му ја даде борбата за титулата до 77 килограми против мене, тогаш ќе морам да седам и да го чекам две години. Тоа нема да се случи. Се надевам дека ќе го запознае Чендлер затоа што навистина се чувствувам лошо за Мајкл. Тој чека премногу долго за ова.

Иако, ми се чини, оваа борба нема да се одржи. Конор веќе ја изгуби предноста во стој. Изгледа како сенка од себе. Би било смешно да се посрамоти за време на прес-конференција“, рече Белал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON