Палестинско-американскиот борец Белал Мухамед во полусредна категорија на УФЦ (до 77 кг) иронично зборуваше за последните години на Конор Мек Грегор во организацијата. Белал ја спореди неговата статистика со онаа на Мек Грегор од 2016 до 2022 година.
Тој се пофали дека има 12 победи во тие години, додека Мек Грегор има само 1 победа во последните 6 години. Во изминатите 6 години Мухамед имаше 14 борби, од кои 12 победи, 1 пораз и 1 неуспешна борба.
Конор, пак, имаше 4 борби, 3 порази и 1 победа со нокаут над Доналд Цероне. Мек Грегор допрва треба да му одговори на Мухамед, но најверојатно ќе ги спореди парите во банката што ги имаат двајцата борци.
Различни извори велат дека богатството на Мухамед е помеѓу 1 и 2 милиони долари.
„Од 2016 година до денес имам повеќе победи од Конор Мек Грегор во УФЦ. Имам 12 победи, а тој само 1 победа“, напиша Мухамед на социјалните мрежи.
Белал неодамна изјави дека гледал реприза на борбата меѓу Петар Јан и Шон О’Мели. Заклучокот до кој дојде Мухамед беше дека Мек Грегор не вреди и нема да забележи победа во УФЦ.