27-годишниот борец Бекзод Нурматов од Узбекистан почина неколку дена по последната битка. Нурматов (11-2) учествуваше на настанот АЦА 100, што се одржа минатиот викенд во Грозни и се бореше со Беслан Исаев во полусредна категорија. Двајцата водеа рамноправна борба која Исаев ја доби со поделена одлука на судиите.
По битката тој имал мозочен удар и бил во кома. Еден ден подоцна, на 7 октомври, 27-годишниот борец го напушти овој свет. Нурматов го направи професионалното деби пред 3 години, а забележа 11 победи и два порази. Пред борбата со Исаев беше во серија од 10 последователни победи што ги забележа во последните 2 години.
Еве ја неговата последна борба: