Тајсон Фјури вчера најави дека на 13 мај во Лидс ќе се врати во рингот.
Надлежниот орган на британскиот бокс Бритиш Боксинг Борд за Контрола вели дека тоа нема да се случи толку брзо.
Генералниот секретар БББoК, Роберт Смит, изјави дека поранешниот светски шампион во тешка категорија и понатаму останува суспендиран и го чекаат исходот од истрагата за наводниот пад на допинг тестотг, а и заради признаванието за употреба на кокаин.
„Тајсон Фјури е суспендиран. Тој треба да реши многу работи пред и да помисли за враќање во рингот“, рече Смит на Ток спорт.
„Тука е во прашање допингот. Постојат и други здравствени проблеми кои мора да бидат земени во предвид“.
„Не сме имале никаков контакт со него, бидејќи беше суспендиран, а, за очекување е, ако планира да боксира, мора да не контактира. Тој не го направи тоа и со тоа ништо не се промени. Не е во позиција да боксира“.
Сослушувањето пред Британската анти-допинг агенција го чекув следниот месец