Каратистите на КК Штип Андреј Басаров и Љупче Михајлов на денешниот Плеј оф турнир во Скопје обезбедија место во репрезентацијата за Европското првенство што ќе се одржи во Ларнака, Кипар, од 3 до 5 фверуари 2023 година.
Тренерот на Штип и поранешен селектор на сениорската репрезентација, Сашко Арсовски е незадоволен од судењето.
„За жал, морам да кажам дека и овај пат имаше лошо судење. Тоа значи дека на повеќето судии не им е местотото да ја делат правдата, особено за избор на репрезентативци кои ќе ја претставуваат нашата држава Македонија. Без разлика што КК Штип има двајца претставници и двајцата медалисти од европско првенство. Жал ми е да кажам дека мојата, нашата Карате федерација не функционира како што треба, а и други ќе го кажат тоа по кој знае кој пат. Штета Што е вака“, вели Арсовски и додава:
„Мора да нагласам дека за прв пат до сега се наплаќаше за плејоф натпревар за избор на репрезентативци. Тоа значи дека раководството нема потенцијали да управува со нашата Карате репрезентација“.