Братучедот на Тајсон Фјури – Хјуи, стана кандидат за светската титула во верзија на ВБО/WBO, изјави неговиот татко и тренер Питер.
Носител на трофејот во моментов е Новозеландецот, Џозеф Паркер. Во моментов течат преговорите за меч, а желбата на газдата на ВБО, Френк Ворен, е натпреварот да се одржи во Велика Британија. Најверојатниот датум е во април.
„Мојот план е во 2017-та да се борам и да ја освојам светската титула“, рече Хјуи Фјури пред една година, кога беше шести во ранглистата и за него борбата за титулата изгледаше како привидение.
https://youtu.be/MKOZ3ZtEj0Q