Дерек Брaнсон и Кевин Холанд го поминаа мерењето пред нивниот меч кој е предводник на УФЦ Вегас 22, што ќе се одржи вечерва. Брансон тежеше 84,36 кг, а Холанд беше полесен за 1,36 кг (83 кг)
Се покажа дека борците од коглавниот меч – Грегор Гилеспи и Бред Ридл – се со иста тежина – по 70,53 кг.
Само Џеси Стрејдер потфрли на мерењето пред пресметката со Монтел Џексон. Тој ќе добие 20 отсто помалку од хонорарот за натпреварот.
Судирот меѓу Јулија Столијаренко и Јулија Авила нема да се случи. Причината е што Столијаренко два пати се онесвести на официјалното мерење.
Ова се резултатите од официјалното мерење:
Главна карта
Дерек Брунсон (84,36 кг) – Кевин Холанд (83,00 кг)
Грегор Гилеспи (70,53 кг) – Бред Ридл (70,53 кг)
Чејан Бејс (52,61 кг) – Монтсерат Руиз (52,16 кг)
Адријан Јанез (61,23 кг.) – Густаво Лопез (61,68 кг.)
Кенан Сонг (77,56 кг) – Макс Грифин (77,33 кг)
Тај Туиваса (119,97 кг) – Хари Хунскер (112,94 кг)
Воведни
Марион Рено (61,68 кг.) – Мејси Кјасон (61,68 кг.)
Леонардо Сантос (70,53 кг) – Грант Досон (70,76 кг)
Тревин Гилс (84,14 кг) – Роман Долиџе (83,91 кг)
Монтел Џексон (61,68 кг) – Џеси Стрејдер (62,36 кг)
Бруно Силва (57,15 кг) – ГП Бајс (57,15 кг)