Барнс доминираше против Вудли (ВИДЕО)

Тајрон Вудли (19-5-1 ММА, 9-4-1 УФЦ) разочара при враќањето во октагонот по 15-месечена пауза откако ја загуби титулата во лесна категорија на УФЦ. Американецот беше целосно поразен (76-29 удари и 2-0 соборувања) од бразилскиот талент Гилберт Барнс (19-3 ММА, 12-3 УФЦ) во главната борба на УФЦ Фајт најт 176 (УФЦ на ЕСПН 9) во Лас Вегас.

Барнс ја понуди најдобрата продукција во кариерата и ја забележа шестата последователна победа (50-45, 50-44, 50-44) во ММА, која секако е најпрестижната од сите. Тој рече дека е подготвен да го предизвика шампионот Камару Усман затоа што неговата доминација над Вудли беше многу слична на онаа што самиот Камерунец му ја наметна минатата година на Тајрон .

Вудли, од друга страна, се дистанцираше од можноста да го врати појасот и не покажа ништо од она што требаше да го научи за време на посетата на Тајланд.

Барнс почна жестоко со одличен десен аперкат во ран клинч  со кој го собори занишаниот Вудли на партер. Оттаму, Бразилецот зазеде позиција над противник и најпрво се обиде со давење од позади, а потоа и со гилотина, но не успеа да го заврши. Сепак, со тупаниците му го расквави левото око на поранешниот шампион, кој најде сила да се врати на нозе околу 1:45 минути пред крајот на рундата. Ова беше проследено со два силни десни лоукикови во активата на Барнс, кој седна на столчето со целосна доминација во првиот дел од главниот настан.

Вудли излезе решена да го смени текот на битката и почна силно со два добри директи во почетокот на втората рунда. Сепак, Брнс направи соборување и веднаш влезе во полн гард во преостанатите 2:30 минути. Поранешниот шампион беше залепен за оградата и прими неколку удари во главата пред да може да застане. Двајцата го завршија делот во клинч со размена на удари со  колена.

Лев-десен удар Барнс го затресе Вудли во средината на третата рунда, а Американецот сега мораше сериозно да размисли за промена на своето однесување во октагонот, затоа што јасно беше што има зад себе (поени).

Бразилецот додаде уште неколку десни лоукикови на своја сметка, а последователно Вудли зададе десен директ, но не беше доволен за да сврти работите во негова корист. Лоу кик и лево кроше за Барнс го потврдија впечатокот дека тој го диктира темпото на битката и беше попроактивен од двајцата во октагонот.

Во паузата пред четвртата рунда од аголот на Вудли му беше речено дека мора да го нокаутира противникот за да победи. Првата половина од рундата помина во клинч без многу акција, бидејќи поранешниот шампион повторно беше притиснат до оградата и примаше леви директи и удари со нога. Одлична комбинација на лев и десен директ го сруши Вудли, кој бараше спас во клинч. Американецот седна и се наведна наспроти оградата, како-така ја помина последната минута од рундата, приклешете од стремежот на Брзилецот за најголемата победа во кариерата. Во последните секунди Барнс се обиде да го задуши противникот, но сирената го означи крајот на четвртата рунда.

Барнс веднаш влезе во клинч и повторно го притисна за оградата Вудли, знаејќи дека не треба да му даде простор да бара завршен удар со неговата моќна десна рака. Сепак, интересно е што судијата Херб Дин ги рестартира двајцата, затоа што Вудли не направи ништо значајно, дури и кога ја сврте позицијата. Иако му беше потребен нокаут, поранешниот шампион не направи сериозен обид да го постигне тоа, а Барнс во ниту еден момент не ги изгуби концентрацијата и иницијативата во октагонот. Последниот свиреж на сирената го означи најпрестижниот успех на Бразилецот и неговата кандидатура за меч за титулата против носителот на појасот Камару Усман.

УФЦ на ЕСПН 9
Гилберт Барнс – Тајрон Вудли, едногласна одлука на судиите (50-45, 50-44 x2)
Августо Сакаи – Благој Иванов, поделена одлука на судиите (27-30, 29-28 x2)
Били Карантило – Спајк Карлајл, едногласна одлука на судиите (29-28 x3)
Рузвелт Робертс – Брок Вејвер, давење од позади (Р2, 3:26)
Мекензи Дерн – Хана Циферс, колена (Р1, 2:36)

Воведни борби
Катлин Чокагијан – Антонина Шевченко едногласна одлука на судиите (30-25 х3)
Даниел Родригез -Габриел Грин едногласна одлука на судиите (30-27 x3)
Џамахал Хил – Клидсон Абро, ТКО (Р1, 1:51)
Брендон Ровал – Тим Елиот,  давење со рачен триаголник (Р2, 3:18)
Кејси Кени – Луис Смолка, гилотина (Р1, 3:03)
Крис Гутиерес – Винс Моралес, ТКО (Р2, 4:27)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО