Барнет со давење го совлада Арловски, Бадер со колено го нокаутираше Љатифи (ВИДЕО)

Josh-Barnett-i-Andrei-Arlovski

Во главната борба на вечерта  на УФЦ фајт најт во Хамбург се бореа двајца поранешни светски шампион во тешка категорија.

Натпреварот меѓу Андреј Арловски и Џош Барнет почна неверојатно, бидејќи во првите 30 секунди и двјацата се најдоа во нокадаунпо првичната размена на удари. Тогаш Барнет го притиснува „Питбул“ до кафезот, Арловски го свртува и и го погодува со десниот лакт. Потоа Арловски го урива 38-годишниот американски со сопнување и се обидува со удари како чекан . По влегувањето во последната минута Белорусинот со добро десно кроше ја отвора серијата, Барнет оди на уривање, но не успева да го урне противникот. Арловски на почетокот на борбата доби исеченица на челото.

Во втората рунда Барнет форсира борат во клинч, во која и двјацата погаѓаат. Со таква борба „Warmaster“ успеа да го измори Арловски, кој со уште еднаш втурнување го урива Барнета, но Американецот не завршува горе и доаѓа во маунт 80 секунди пред карјот на рундата и со тупаници и лакти се обидува да стави крај на борбата.

На почетокот на третата веќе уморениот Барнет добива десно кроше, па следи добра комбинација на бокс од Арловски на која Барнет одговара со апрекат, по што Американецот добива палец во окото. Се обиде да се пожали на судијата кој не го прекинува мечот и Американец по уште еден примен удар го соборува противникот и одат на кимура, а наскоро го заврши со давење од позади. На Арловски ова му е трет последователен пораз.

https://youtu.be/dIScmM08Mec

https://youtu.be/orJBo8T_0TI

Александар Густафсон во октагонот во Баклејкард арената против Јан Балчовиц влезе по два претрпени порази.

Полјакот веднаш влезе во отворен конфликт со Густафсон и првичното кик бокс одмерување многу подобар бокс. По два неуспешни обиди Густафсон го урна противникот и успева со два пати добро да го погоди лактот, а Блачовиц двапати се закани со обиди за армбар.

Полјакот се размавта и на почетокот од втората рунда по 20 секунди Маулер повторно го урива и го напага со лакти до крајот на рундата.

Третата Густафсон ја отвора со добар десен директ. Блачовиц враќа со одличен лев аперкат и среден ножен удар, но поранешниот ривал за титулата го урива по една минута во последната рунда. Сто секунди пред крајот судијата Марк Годард ги враќа на нозе, но Густафсон повторно го соборува и доаѓа до победа.

Во уште еден судир на полутешкаши Рајан Бадер го нокаутираше Илири Љатифи. Поголем дел од првата рунда помина во испитување на силите. Бадер успеа да пласира добар удар со нога во телото. Одбрани еден обид за уривање и добро ги избегнуваше бокс комбинациите на Швеѓанецот до 15 секунди пред крајот, кога Љатифи го урива со десно кроше. Бадер успеа добро да реагираат и брзо да се врати на нозе и да го дочека крајот на рундата.

Во втората рунда Бадер почна да покажува поголема верба во својот стоечки ства и по две минути со колено го нокаутираше Љатифи додека одеше на уривање. На Швеѓанецот слична ситуација му се случи во првата рунда, но успеа да избегне удар со ногата, но во втората Бадер упати правовремен удар и го положи противникот на грбот. Бадер се врати на победите по поразот со нокаут од Ентони Џонсон во јануари. Претходно беше во серија од пет последователни победи.

Поранешниот Кејџ вориорс шампион Џек „Џокер“ Хермансон во својата прва борба за УФЦ со едногласна одлука на судиите го победи  Скот Аскахам.

Џим Волхед е професионален повеќе од 11 години, а во Хамбург го одработи првиот настап за најсилната ММА промоција во светот. Дебито му го расипа домашниот борец, исто така дебитант, Џес Ајари, кој славеше со поделена одлука на судиите.

УФЦ фајт најт 93:

Џош Барнет – Андреј Arlovski (давење од позади, Р3)

Александар Густафсон – Јан Блачовиц (со едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-27)

Рајан Бадер – Илир Латифи (КО, Р2)

Ник Хајн – Тае Хјун Бенг (со едногласна одлука, 29-28, 30-28, 30-27)

Џес Ајари – Џим Волхед (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 30-27)

Петар Собота – Никола Долби (со едногласна одлука, 30-26, 30-26, 30-26)

Ешли Еванс-Смит – Вероника Маседоo (СЗО, Р3)

Тејлор Лапилус – Ленадро Иса (со едногласна одлука, 30-27, 30-27, 29-28)

Кристијан Коломбо – Јарјис Данхо прогласена нерешена (со мнозинска одлука на судиите, 29-27, 28-28, 28-28)

Џек Хермансон – Скот Аскхам (со едногласна одлука, 30-27, 30-27, 29-28)

Рустам Хабилов – Леонардо Силва (со едногласна одлука, 29-28, 29-28, 30-27)

https://youtu.be/z40iSSEqN-E

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON