Барера се подигна од подот и го победи Џо Смит

Џо Смит Јуниор (23-2, 19 КО) минатата година крена прашина со нокаутите против Анджеј Фонфара и Бернард Хопкинс.

Одлично го почна мечот во Лос Анџелес против некогашната аматерска ѕвезда од Куба Саливан Барера (20-1, 14 КО) и го урна со левата рака кон крајот на првата рунда.

Но, Барера од тој момент ја презема целосната контрола на борбата и победи со едногласна судиска одлука – 96-93, 97-92, 97-92, и ја освои интернационалната титула на ВБЦ во полутешка категорија.

На Кубанецот ова му беше третата последователна победа по единствениот пораз во кариерата од страна на Андре Ворд во март минатата година. Барера е потенцијален противник Сергеј Ковалев за следниот меч во ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON