Ентони Џошуа може да добие нов противник додека го чека развојот на настаните во Украина. Британецот треба да се соочи со Александар Усик во реваншот за светските титули на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО. Сепак, шампионот се пријавил во армијата на неговата земја и се приклучил на војната против руската инвазија.
Сред овие настани, агентот на Еј Џеј, Еди Херн, рече дека е подготвен да чека онолку долго колку што е потребно и се надева дека Усик ќе остане жив и здрав за да го одржи нивниот реванш. Но, во исто време се разгледува и опцијата за среден меч за Џошуа за да не остане предолго надвор од рингот.
„Секако дека Усик ќе добие онолку време колку што е потребно, бидејќи во моментов има многу поважни работи на ум. Нашите мисли се со него, неговото семејство и цела Украина. Џошуа е подготвен да почека, но разгледуваме и какви други опции има“, изјави Херн.
Тој рече дека времињата се емотивни и комплицирани, но на Еј Џеј му треба време за борба во рингот.
„Нема да вршиме притисок врз никого. Она што можеме да го бараме е на Џошуа да му се даде можност да одигра среднорочен меч, но без разлика на неговиот исход да остане прва опција за титулите на Александар. Ќе разговараме и ќе одлучиме како понатаму“, изјави британскиот агент.