Балканец: Благодарници за сите што придонесоа за успехот и афирмацијата на клубот (ФОТО)

Боречкиот клуб Балканец вечерва, на крајот од годината, со благодарници и оддаде почит на сите кои придонесоа годинава за афирмацијата и успехот на клубот, од борачите до луѓето кои помагаа на штипската екипа, тренери и судии.

Зоран Шоров, кој вчера беше избран за спортски директор, денска и официјално ги доделуваше признанијата.

Освен борачите за придонес во клубот благодарници добија и Зоран Шоров, судиите Марјан Лазаров и Даниел Илиев, Мики Тодоров – поранешен тренер кој се уште помага во клубот на секаков начин, секретарот Костантин Шоров, тренерите Мијалче Ананиев и Давор Тасев и потпреседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија, Дејан Богданов.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON