Охрид во сабота и недела ќе биде домаќин на најдобрите балкански каратисти во сениорска конкуренција. Досега се пријавени 249 натпреварувачи од 10 земји, од Словенија до Турција.
Меѓу пријавените каратисти се и освојувачите на медали од Карате 1 Премиер лигата, но и од ЕП и СП-а. Всушност, Балканското првенство е мини европско превнство, бидејќи балканските земји во распределбата на медалите учествуваат со околу 50 отсто.
Од друга страна, БП е генeрална проба за сите репрезентации пред Светското првенство во Бремен, Германија, од 5 до 9 ноември. За многу репрезентации ова е изборен турнир, како и за некои наши каратисти во одредени категории.
Ова ќе биде прво сениорско Балканско првенство што се одржува во Македонија. Гости на првенството ќе бидат првиот човек на ВКФ, Антонио Еспиноза и Стјепан Челан, генерален секретар на ЕКФ.
Македонија на БП ќе ја претставуваат:
Мишела и Маријана Димоски, Поликсенија Јовановска во кати-жени, поединечно; борби – 50 кг Фатјона Алију и Марија Ристевска; – 55 кг Дрилона Бичаку, Марија Матракоска и Симона Заборска; – 61 кг Симона Ангелоска, Румена Балшевска, Наташа Стефановска; – 68 кг Моника Стефановска; + 68 кг Драгана Тодорова и Климентина Војводинска; екипно кати (Маријана и Мишела Димоски и Поликсенија Јовановска) и борби екипно (Балшевска, Стефановска, Стефановска и Заборска).
Мажи,кати поединечно, Фери Исич; борби – 60 кг Шабан Муртиши, Горан Николовски и Емил Павлов; – 67 кг Дејан Црничиќ, Ристе Додевски, Филип Ѓурчиновски и Тодор Ристески; – 75 кг Иво Цветковски, Азис Исмаил, Ферат Корболучи и Виктор Крстевски; -84 Огнен Груевски, Никола Иловски, Берат Јакупи и Сашко Патраклиев; + 84 кг Симон Антиќ, Спасо Илиевски, Горан Иванов и Даниел Тунев; екипно борби – Антиќ, Арсовски, Цветковски, Груевски, Јакупи, Несторовски и Ристески.
ipon.mk/В.Д.