Балканското кик бокс првенство во Скопје е одложено

Балканското кик бокс првенство за кадети, јуниори и сениори кое требаше да се одржи 25 до 27 септември во Скопје е одложено.

„Балканското првенство кое требаше да биде одржано од 25-27 септември 2020 година во Скопје, во консултации со Балканската ВАКО федерација и со Агенцијаера за млади и спорт, одлучивме да биде одложено до тогаш кога ќе бидат створени услови за негово одржување. До тогаш останува ние да си вежбаме и натпреварувачите да ја одржуваат својата подготвеност и кондиција“, пишува во бојаснувањето на ФБ страницата на ВАКО Македонија.

Натпреварувачите требаше се борат за медали во дисциплините кик лајт, поин фајт (постари кадети, јуниори и сениори) и К-1 (млади јуниори, постари јуниори и сениори).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON