Седуммина млади борачи на Балканец утре ќе настапат на Меѓународниот турнир „Русенски легенди“ во Русе, Бугарија.
Боите на Македонија од Балканец ќе ги бранат: -45 кг Стефан Штерјов, -51 кг Ненад Панов, -60 кг Филип Тасев, -65 кг Давид Мишев, -71 кг Фадил Назифов, -92 кг Петар Костов и -110 кг Теодор Ѓоргиев.
Овие борачи се дел од кадетската репрезентација на Македонија која е составена од борачи на Балканец, Лирија – Бесир Алили, Реџеп Поцеста и Реџеп Хајдари и Тефејуз – Аид Салихси, кои ќе настапат во екипен натпревар против кадетските репрезентациите на Романија, Бугарија „А“ и „Б“ тим, како и против екипата на домаќинот Русе. Борачите на Балканец се предводени од Зоран Шоров кој првиот медал од меѓународните натпревари го има освоено токму во Русе.
Ipon.mk