Балканец најдобар на Државното првенство за пионери, пред Лирија и Тефејуз (ФОТО)

 

Екипата на БК Балканец е најуспешна на Државното првенство за пионери со 30 поени, пред Лирија со 25 и Тефејуз со 21.

Првенството се одржа денеска во Скопје кај БК Лирија со учество на 47 борачи од 10 клуба. Вардар го бојкотираше првенство, бидејќи било во работен ден, а и не им било одговорено на други прашања. Од ФБСМ велат дека морало да се одржи денес поради натрупаниот календар, а и можноста да се презентира борењето пред децата во преполниот балон на Лирија.

Државното првенство послужи и за избор на репрезентацијата која треба настапи на Балканското првенство во Мурска Собота во Словенија идниот месец.

Резултати

-35 кг
1.Бесир Алити – Тефејуз
2.Рамадан Кадриовски – Лирија

-38
1.Стефан Штерјов – Балканец
2.Мети Демири – Студеничани
3.Арон Николов – Бучим
3.Стефан Стојановски – 7 Мај

-42 кг
1.Бесир Алили – Лирија
2.Ненад Панов – Балканец
3.Албан Садику – Ускана
3.Омер Фурку – Лирија

 

-47 кг
1.Аид Салихаси – Тефејуз
2.Доријан Димитров – Балканец
3.Мухамед Фурку – Лирија
3.Бесир Синани – Скопје

-53 кг
1.Мухамед Исмаили – Тефејуз
2.Окан Махмудов – Балканец
3.Валон Бајрами – Лирија
3.Акиф Азизи – Ускана

-59 кг
1.Арбен Абази – Студеничани
2.Филип Тасев – Балканец
3.Стефан Јосифовски – Бучим
3.Дејан Димитров – Бучим

 

-66 кг
1.Арсим Бекировски – Студеничани
2.Фадил Назифов – Балканец
3.Ридван Латифи – Лирија
3.Аднан Али

-73 кг
1.Реџеп Ајдари – Тефејуз
2.Лирим Муслиу – Ускана
3.Агим Селими – Ускана

73-85 кг
1.Арменд Рустеми – Ускана
2.Теодор Георгиев – Балканец
3.Дулови – Лирија
3.Хамза Фазлиу – Скопје

  Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON