Штип е домаќин на Државното превнство за сениори што ќе се одржи утре во салата на ЕМУЦ „Никола Нехтенин“ со почеток во 11 часот. Се очекува да настапат најдобрите македонски борачи, како: носителот на бронзениот медал од Европското првенство до 23 години, Халил Зубаиров, Тимур Хамикоев, Бобан Данов, Дејан Митров, Јасин Реџелари, Бесмир Весели, Бехар Махмути, Иван Јанев, Александар Павлев, Деан Богданов и други.
Државното првенство, покрај медалите што ќе ги добијат поединечните победници, е важно и за куп бодувањето и за екипниот првак на Македонија. Досега се одржаа четири првенства: Изборно за сениори, Изборно за У- 23, Изборно за јуниори и Изборно за кадети.
За Купот најмногу бодпви собра Лирија – 146, потоа следува Балканец – 113, Бучим – 93. Екипата на Тефјуз -65 бода, може да жали што не учествуваше на Изборното првеснтво за сениори, зашто пожестоко ќе се вмешаше во борбата за освојувањето на Купот. Исто така и Врадар можеше да смета на повеќе бодови ако се појавеше на Изборното кадетско превенство.
Табела – Куп на Македонија
1.Лирија 146
2.Балканец 113
3.Бучим 93
4.Тефејуз 65
5.Скопје 14
6.Неготино 12
7.Вардар 7