Борачите на Балканец ги почнаа подготовките за новата сезона, иако снегот ги спречи тоа да го направат во традиционалната база на Плачковица, бидејќи патот е непреоден.
Подоготовките се одвиваат во салата на БК Балканец во Штип, која, и покрај ниските температури, е топла и сите се препотуваат под раководство на браќата Виктор и Дејан Богданови, Гордан Николов и Давор Тасев.
Во Балканец ги радува фактот што имаат 30-40 нови деца кои сакаат да тренираат борење, затоа велат дека нема застанување и со полна пареа ќе работат за во ниовата сезона да направат што подобри резултати.
Наскоро се очекува да пристигне и новата опрема, така што сите во клубот ќе бидат опремени.
Ipon.mk/В.Д.