Балканец се врати со 10 медали од „Колоси“ во Призрен (ФОТО)

Боречкиот клуб Балканец настапи на Меѓународниот турнир „Колоси“ во Призрен, Косово, пр што со 14 борачи освои 10 медали – 6 златни, 3 сребрени и 1 бронза. За најдобра техничарка е прогласена Марија Цветанова.

На турнирот учествуваа 130 борачи од Македонија, Косово и Албанија.

Ова се резултатите:

Пионери

24 кг Дарио Ѓуров 2место

27 кг Андреј Мишев 1 место

68 кг Дамјан Смилков 1 место

68 кг Јован Балабанов 3 место

85 кг Андреј Трајчов 1 место

Кадети

45 кг Јован Атанасов 1 место

45кг Стефан Стојков 2 место

51 кг Стојанче Стојков 2 место

Пионерки

51 кг Марија Цветанова 1 место

58 кг Анабела Данилова 1 место

Иако не освоија медали, сепак останатите борачи прикажале одлични борби: Матеј Стојков, Никола Гицев, Јован Стефанов, Филип Коцев .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON