Балканец најдобар и во сениори и во кадети на Изборното првенство (ФОТО)

Балканец е најдобар и во сениорска и во кадетска конкуренција на Изборното првенство во борење кое денеска се одржа во Скопје.

Во сениорска конкуренција штипјани се пред екипите на Лирија и Чаир. Третото место за момците на тренерот Хасан Бислими е голем напредок и успех, а тоа ветува дека Чаир ќе им биде конкуренција во наредните натпревари.

Кадетите на Балканец собраа повеќе бодови од конкурентите Бучим на втората позиција и Лирија на третото место.

Сениори – прваци:
57 кг Бесир Алили – Лирија,
61 кг Иван Јанев – Бучим
64 кг Еелмедин Сејфулаху – Лирија
70 кг Фати Весејли – Лирија,
74 кг Серхан Шекиров – Балканец,
79 кг Бехар Мамути – Чаир
84 кг Дејан Митров – Балканец
92 кг Реџо Ајдари – Чаир
97 кг Рамадан Мустафофски – Чаир 
125 кг Бобан Данов – Балканец

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON