Младите борачи на Балканец вчера го освоија второто место во екипна конкуренција на Меѓународниот турнир „Катунци 2016“ во Бугарија.
Во поединечна конкуренција борачите на Балканец ги постигнаа следните резултати:
42 кг Тео Стојков 2 место – деца подготвителна група ,
35 кг Никола Трајчев и Стефан Штерјов 3 места – пионери
42 кг Окан Мамудов – 1 место, Дарио Димитров – 2 место и Ненад Панов – 3 место – пионери
60 кг Џан Демиров – 2 место – младинци
63 кг Филип Стојков – 3 место – кадети
76кг Џан Назифов – 3 место– кадети.
На турнирот настапија над 70 борачи од Србија, Грција, Македонија и Бугарија.
Екипата ја предводеа тренерите Мики Тодоров, Дејан Богданов и Давор Тасев.
Ipon.mk/В.Д.