Дмитри Бивол (21-0, 11 КО) стана првиот руски боксер кој ја освоил наградата Боксер на годината.
Тој ја понесе наградата за 2022 година, а победникот го одредуваат новинарите на американскиот телевизиски канал ЕСПН, кои го покриваат боксот, како и Светската боксерска асоцијација (ВБА).
Во 84-годишната историја на наградата, никогаш претходно Русин не бил на првото место.
„За мене е чест, многу сум среќен. Кога бев дете, гледав кои се претходните добитници на награди, а сега сум еден од нив. Оставив свој белег во историјата на боксот засекогаш. Многу сум горд на тоа и многу сум горд на мојот тим. Го имам најдобриот тим во боксот. Мора да верувате во себе и да работите напорно секој ден“, изјави Бивол.
View this post on Instagram