Поранешниот светски шампион во бокс во две различни категории, Баду Џек смета дека мечот меѓу Канело Алварез и Сергеј Ковалев е договорен. Мексиканецот победи со нокаут на крајот на мечот, но најголемиот дел од борбата беше тактичка битка.
„Убав нокаут, убав удар, но целокупната борба беше здодевна“, коментира Џек.