Поранешниот шампион во кик бокс, Бадр Хари, се подготвува за борбата на животот на ГЛОРИ колишн 2 на 21 декември на Арнхем на стадионот Гелредоме. Хари по втор пат ќе се сретне со Рико Верховен и ќе бара можност да му реваншира за поразот пред 3 години, кога поради повреда на раката загуби со технички нокаут.
По борбата Хари вети дека ќе го нокаутира Верховен, што е света работа за Мароканците. Остануваат уште неколку месеци да се бори, а Бадр не престанува да тренира засилено во салата. Во првата борба Хари имаше голем број на навивачи, кои полудеа од ќеиф и го одложија почетокот на мечот, а и во реваншот повторно ќе се потпре на нивната поддршка.
„Знам дека мојата армија на навивачи ми го штити грбот“, порача Хари.