Глори во сабота, 9 септември,организира голем кик бокс спектакл во Париз кој ќе го предводи мечот во тешка категорија меѓу Мароканецот Бадр Хари и Британецот Џејмс МекСвини.
Легендарниот марокански борец последниот меч го имаше во октомври минатата година кога загуби од Алистер Оверем, но откако Холанѓанецот беше позитивен на допинг тестот, борбата беше откажана.
По таа борба, Хари размислуваше да се пензионира, но продолжи да тренира и договори нова борба.
38-годишниот Мароканец ќе учествува на настанот Глори 88 во арената Dôme de Paris против четири години постариот МекСвини.
Британскиот тешкаш зад себе има 33 ММА борби (15-18), а има и 55 кик бокс мечеви (47-8).
Џејмс му се врати на кик боксот во 2021 година кога загуби од Гокан Саки со нокаут во втората рунда на настанот Глори: Колишн 3.
Минатата година во декември го победи Бугра Ердоган со поделена одлука на настанот Микс фајт шампионат.
Бадр Хари досега има 125 борби, победи на 106, а има 16 порази и три откажани натпревари. Во дури 92 борби победи со нокаут.
Глори во очи на настапот на Хари, ги почести со видео фановите со десетте најдобри нокаути на мароканскиот удирач!