Бадр Хари: Сакам да ги повредам луѓето!

badr-hari-so-pesnica-napred

Утре вечер е вистинското кик бокс шоу, во Оберхаузен, Германија, се среќаваат Рико Верховен и Бадр Хари. Средбата е дел од настанот GLORY – COLLISION.

31-годишниот Хари е едно од најголемите имиња во историјата на кикбоксот. Тој имаше интервју со коментаторот Тод Грисхам и разговорот беше посветен на средбата која побудува голем интерес.

„Како борец, секогаш одам на нокаут. Ми се допаѓа тоа. Ми се допаѓа да барам „убиството“. Не верувам во нешто што е наречено „втора рунда“. Јас сум многу експлозивен, многу гладен. И секогаш сум подготвен да се борам“.

Бадр Хари има искуство во К-1 и беше шампион во тешка категорија на It’s Showtime. Неодамна имаше проблеми со законот, кои влијаеја и на неговата кариера. Има случаи и кога ги губел нервите на рингот, вклучувајќи го и клоцањето на противниците кои паднале на земјата. Се однесуваше непристојно и за време на прес-конференции.

„Јас сум емотивен човек. Сакам да се борам, сакам да ги повредам луѓето“.

Средбата меѓу Хари и Верховен ќе биде во три рунди, а Бадр Хари е сигурен дека ќе забележи нокаут уште во првата рунда.

„Знам дека ќе го нокаутирам. Ќе се случи тоа“.

Погледнете го целосното интервју со Бадр Хари:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON